Дома Фудбал Останато Бројките не лажат: Роналдо во Јувентус игра поинаку и засега му оди – ОДЛИЧНО!

Бројките не лажат: Роналдо во Јувентус игра поинаку и засега му оди – ОДЛИЧНО!

Португалецот често е оспоруван оваа сезона, но статистиката зборува дека засега игра многу добра сезона.

Кристиано Роналдо минатото лето одлучи да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Јувентус. Платен беше околу 100 милиони евра, „бјанконерите“ така поставија нов рекорд во Серија А. Го плаќаат 31 милион евра по сезона што е уште еден рекорд и со тие примања е далеку најплатен фудбалер на Апенините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првите три официјални настапи не успеваше да го пронајде патот до мрежата, а кога започна да постигнува голови следуваше црвениот картон во Лигата на шампионите против Валенсија. Сепак, подоцна се покажа дека можеби и не заслужи исклучување, па доби само еден натпревар суспензија.

Како и да е кој и да го оспорува Роналдо и неговите настапи оваа сезона не е во право.

Да, Португалецот постигна само три гола на седум настапи во Серија А, но има и четири асистенции, учинок на кој не сме навикнати да го има.

Тој во Реал на 483 настапи постигна дури 450 погодоци, од крило стана класична гол-машина. Сега под водство на Масимилијано Алегри има поинаква улога.ronaldo

Португалецот во Јувентус игра повќее на крилната позиција отколку во sредината, додека за централниот дел во нападот е задолжен Марио Манџукиќ.

Тоа засега функционира, Роналдо учествуваше во седум гола во Серија А, Манџукиќ во пет.

Дека стилот на Роналдо е променет зборуваат и следните податоци.

Имено, тој на седум натпревари просечно има 2.1 клучни пасови по натпревар и таа бројка во Реал ја имаше само во сезоната 2010/11.

Слично е и со дриблинзите, бележи 1.3 по натпревар, што е најголем број од сезоната 2015/16, а притоа е најмногу фаулиран уште од сезоната 2013/14.

Најголемата разлика Роналдо ја направи во пасовите, прилично бележи 37.7 по натпревар, во Примера таа бројка никогаш не била поголема од 30, минатата сезона имаше 27 пасови по натпревар. И не само тоа успешноста на пасовите му е 88.1 по натпревар и такво нешто не му успеало никогаш претходно.

Ако денот по утрото се познава, Роналдо ќе има успешна сезона во Јувентус, може и нема да постигнува толку голови како во Реал, но дефинитивно ќе има големо влијание на играта на „бјанконерите“ и резултатите.

Да потсетиме Јувентус оваа сезона е со максимален учинок и во Серија А (седум од седум) и во Лигата на шампионите (две од две).

https://www.youtube.com/watch?v=8ZSIfUZJXG4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Екс-фудбалерот на Милан вторпат направи сообраќајка во три месеци

Напаѓачот на Емполи, Мбаје Нијанг имаше уште една сообраќајна несреќа. Овој 29-годишен нап…