Дома Фудбал Англија Бројките не лажат: Грем Потер е најлошиот менаџер кој го имал Челзи во последните 30 години

Бројките не лажат: Грем Потер е најлошиот менаџер кој го имал Челзи во последните 30 години

На Грем Потер не му оди во Челси и тимот никако не успева да дојде до добри резултати, па поради тоа се погласно се шпекулира за негово заминување од клупата на „сините“.

Голем дел од навивачите сакаат промена и се во право затоа што бројките покажуваат дека Потер е најлошиот менаџер кој го имал Челси во последните 30 години. Со поразот од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите тој е дното по процентот на остварени победи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговата епизода во Челси не започна лошо, го победи Милан со 2:0 и Потер беше пофален за петте воведни натпревари во кои „сините“ имаа четири победи и едно реми. Тогаш само Сари, Анчелоти и Гус Хидинк имаа подобар почеток. Сега четири месеци подоцна бројките се поинакви.

Потер го водел Челси на 24 натпревари и сега може на поизбалансиран начин да се споредува со другите. Во овој момент тој има девет победи и проценетот на добиени натпревари му е само на 38%.

Со тој процент подобри од Потер се Клаудио Раниери кој го водеше тимот од 2000 до 2004, потоа Џанлука Вијали (1998-2000), Руд Гулит (1995-1998). Во овој момент Потер е подобар само од Глен Ходл забележа пет победи на првите 24 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…