Дома Топ вести Бројките и традицијата велат: Џирона може да стане шампион во Ла Лига!

Бројките и традицијата велат: Џирона може да стане шампион во Ла Лига!

Традицијата и статистиката не мора ништо да значат, но секако дека може да се и најава за нешто – па така сега се најавува дека Џирона може да биде шампион во Ла Лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Никој ниту најголемите фанови на овој клбу не очекуваа дека покрај Барселона, Реал Мадрид, Атлетико…една Џирона може да се појави како кандидат за титула.

Засега ситуацијата е слична како со бајката на Лестер, никој не е сигурен до каде можат да издржат момците на Мичел. Сепак, да си прв по 17 кола значи дека имаш квалитет.

По 17 кола во Ла Лига Џирона има 44 бодови и само еднаш од четирите случаи се случило клубот по 17 кола освоил толку бодови да не биде шампион. Таква „среќа“ имал Реал Мадрид во сезоната 2010/2011 во преостанатите случаи: Барселона (2008/2009), Атлетико Мадрид (2020/2021) и Барселона (2022/2023) лидерите станувале шампиони.

Останува да видиме каква ќе биде ситуацијата во мај кога ќе се решава шампионатот и дали фудбалскиот свет ќе добие уште една бајка која ќе се прераскажува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нема повеќе дилеми: Арбелоa потврди крај за две ѕвезди на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа го победи Севилја на гостување со 1:0, во натпревар без резултатско зна…