Дома Фудбал Германија Бројките велат: Борусија Дортмунд е најдобрата екипа во 2023 година

Бројките велат: Борусија Дортмунд е најдобрата екипа во 2023 година

Актуелната сезона во фудбалот беше „пресечена“ со Светското првенство, а по Мундијалот фудбалерите се вратија на клупските обврски.

Најдобра форма после паузата пронајде Борусија Дортмунд. „Милионерите“ во 2023 година имаат осум победи во три различни натпреварувања. Екипата предводена од Един Терзиќ оствари шест победи во Бундеслигата и по еден во купот на Германија и првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Посебно импресивен е нападот на Борусија во 2023 година. Црно-жолтите во 2023 година само против Челзи постигнаа еден гол, во останатите натпревари постигнуваа два или повеќе. Најефикасни беа против Фрајбург кој го победија со 5:1, а во последното коло беа подобри од Херта со 4:1.

Со ваквите одлични резултати ја „стопија“ предноста на Баерн од девет бода колку што имаа баварците пред Мундијалот. Сега на врвот во Бундеслигата Борусија, Баерн и Унион Берлин имаат по 43 бода.

Посебно се истакна младиот Карим Адејеми кој постигна четири гола во 2023 година, а против Челзи го постигна одлучувачкиот гол кога го претрча Енцо Фернандез.

Покрај Адејеми одлични настапи пружија, Џуд Белингем и Емре Џан кои се главна движечка сила на тимот на Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…