Дома Останати Кошарка Бронзата за Канада, САД останаа без медал

Бронзата за Канада, САД останаа без медал

Репрезентацијата на Канада ја победи селекцијата на САД во малото финале на Светското првенство со 127-118 по продолженија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Канада подобро го почна мечот, уште во текот на првата четвртина дојде до високи 13 поени разлика, Американците се вратија, во средина на вториот период го свртеа резултатот и поведоа со 40-36, а на полувремето се замина со предност на Канаѓаните од 58-56.

Американците потоа во финишот на регуларниот дел стигнаа до 111-111 и изборија продолженија, каде што Канаѓаните беа подобри.

Дилон Брукс и Шај Гилџус-Александер заедно постигнаа повеќе од половина поени за Канада, односно вкупно 70 поени.

Брукс го заврши натпреварот со 39 поени, четири скокови и пет асистенции, а Гилџус-Александер запиша 31 поен, шест скокови и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис официјално во Мајами: Еден од најголемите трејдови во историјата!

Двојниот МВП на НБА лигата Јанис Адетокумбо е нов кошаркар на Мајами Хит, откако клубот од…