Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.
Хрватот на маса има понуди од три европски гиганти и тоа Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Тотенхем, па на Интер ќе му биде тешко да го задржи.