Дома Трансфер зона Британците убедени: Арсенал испратил понуда и играчот на Барса побарал трансфер

Британците убедени: Арсенал испратил понуда и играчот на Барса побарал трансфер

barcelona

Британски „Мирор“ открива дека Денис Суарез во овој преоден рок сака да ја напушти Барселона.

Денис Суарез од Барселона побарал дозвола за трансфер и сака да се пресели во Арсенал оваа зима. Фудбалерот се надева дека клубовите ќе договорат негов трансфер“, пишува „Мирор“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според Британците Суарез е најголема желба на Арсенал во зимскиот преоден рок. Како што се наведува понудата на Арсенал гласи – позајмица до крајот на сезоната со право на откуп за 18 милиони евра.

Суарез веќе соработуваше со Унаи Емери кога го носеше дресот на Севиља.

Минатиот месец Суарез јавно се пожали дека не е среќен во Каталонија поради својот статус.

„Не сум среќен, сакам да играм. Јас сум фудбалер, а фудбалерот сака да игра фудбал. Се надевам дека ќе добијам повеќе простор да покажам што можам“, изјави Суарез, но неговиот статус не се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…