Eкипата на Вулверхемптон го договори доаѓањето на бразилскиот напаѓач Диего Коста, но британската Влада не му одобри на Коста влез во земјата.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После повредата на вкрстените лигаменти на новајлијата Саша Калајџиќ на дебито, Вулвси мораа брзо да реагираат и да тргнат во потрага по напаѓа. Го контактираа Диего Коста и брзо се договорија, но се појави проблем.




Имено, дозволата за работа на Коста е одбиена поради недостаок на поени. Вувлси ќе испратат жалба и се надеваат дека ќе го решат случајот, а доколку тоа не се случи имаат спремено замена.




Во прашање е Енди Керол кој од поодамна не е напаѓач кој може да направи разлика во Премиер лигата. Сепак. „волците“ нмеаат многу избор. Всушност и двајцата не се во натпреварувачка форма. Коста последниот натпревар го одигра во декември минатата година, а Керол на крајот на минатата сезона.