Дома Фудбал Репрезентации Брзо се огласи Клоп: Може ли да ја превземе Германија на лето?

Брзо се огласи Клоп: Може ли да ја превземе Германија на лето?

Репрезентацијата на Германија ќе остане без селектор после Европското првенство, Германците објавија дека Јоаким Лев донел одлука да се повлече по завршувањето на европскиот собир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од главните, можеби и најголем фаворит за тоа место е актуелниот стратег на ЛЛиверпул, Јирген Клоп.

Објавата на Фудбалскиот сојуз на Германија дојде пред пресот на Клоп во пресрет на утрешниот дуел на Ливерпул со Лајпциг, па разбирливо беше Клоп да добие и такво прашање.

„Дали ќе бидам слободен ова лето да ја превземам Германија? Не. Јоаким Лев направи неверојатна работа, сигурен сум дека сојузот ќе пронајде добро решение“, одговори Клоп.

Ќе потсетиме Германија на 11. октомври оваа година треба да гостува во Скопје во рамките од квалификациите за Светското првенство во 2022 па ќе видиме со кој селектор тоа ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Меси пред финалето: Без разлика што ќе се случи, овој тим веќе испиша историја која никој не може да ја избрише

Големиот лидер на Аргентина Лионел Меси им се обрати на сите свои соиграчи пред денешното …