Дома Трансфер зона Бреша ја постави цената за „бисерот“ Тонали

Бреша ја постави цената за „бисерот“ Тонали

Италијанските и европските гиганти водат битка за потписот на ѕвездата на Бреша, Сандро Тонали, пренесува „Газета дело Спорт“.

Сандро Тонали важи за еден од најталентираните италијански фудбалери. Манчини му даде шанса и во сениорската репрезентација на Италија. Иако има само 19 години јасно е дека пред него е блескава иднина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скоро сите поголеми клубови од Апенините покажаа интерес да го доведат во своите редови, меѓутоа Тонали го следат клубови и надвор од границите на Италија.

Според последните информации Бреша е спремна на лето да го пушти својот „бисер“, но само доколку пристигне понуда од 60 милиони евра.

Јувентус, Интер и Милан покажуваат најсилен интерес за Тонали, па останува да се види дали се спремни да ја платат оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…