Дома Македонски спорт Мак ракомет Брестовац: Сакам да ризикувам и да „фрлам во оган“ млади ракометари

Брестовац: Сакам да ризикувам и да „фрлам во оган“ млади ракометари

Денес селекторот на Македонија Данило Брестовац ја собра подмладената репрезентација на Македонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во репрезнтацијата ги нема Лазаров, Манасков, Ристовски, Стоилов…Односно играчите кои се долги години предводници на нашата селекција. Брестовац порача дека ова е „Б“ репрезентација и дека сите што се тука имаат шанса да настапат на ЕП доколку го убдат дека заслужуваат.

„Оваа недела ќе се подготвуваме со „Б“ тимот и ќе видиме кој од тука може да се наметне на завршните подготовки во Словенија. Сите имаат квалитет, но ќе мораат да се докажат. Можеби звучи малку грубо кога велам „А“ и „Б“ репрезентација но играчите мораат да се категоризираат. Верувам дека некој од нив може да исплива на површина“.

„Дали ќе играат на ЕП 2020 зависи од нив. Јас сакам да ризикувам со млади играчи и да ги „фрлам во оган“. Јас ќе дадам шанса и сум спремен да ризикувам“, порача Брестовац.

На 24. декември ракометарите заминуваат за Србија каде што ќе играат пријателски натпревари со Кувајт, а потоа следи и „Трофеј Карпати“ во Романија. Завршните подготвки ќе бидат на почетокот на јануари во Словенија, тогаш ќе се знае кои репрезентации ќе патуваат на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…