Македонија одигра драматично полуфинале со селекцијата на Фарските Острови, која ја совлада дури по изведувањето на седмерци.

Селекторот Данило Брестовац е задоволен од резултатот, но и помалку критичен што победата не ја извојувавме уште во регуларните 60 минути.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мислам дека денеска заслуживме да победиме. Среќата понекогаш мора и да се заслужи и ние ја заслуживме. Уморни сме. Благодарение на РФМ, вчера направивме криотерапија. Тоа беше позитивно, се виде некоја свежина, посебно во првото полувреме. Многу не намачи играта седум на шест, промашивме многу зицери во напад, сите имавме по неколку грешки. Можеби и јас направив некоја грешка во ротација, прифаќам дека не беше се како што треба. Многу е тешко да се браниш скоро цел меч со седум на шест, посебно во ситауција кога ние менуваме двајца играчи. Примивме мал број на голови и можам да кажам дека одбраната добро функционираше. Во нападот проблем ни беше реализацијата, можеби малку придонесе и лошата ротација од моја страна, не може да се предвиди кој ќе даде гол, а кој ќе промаши“, резимира Брестовац.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …