Дома Македонски спорт Мак ракомет Брестовац до клубовите: Не купувајте странци, играјте со македонски играчи!

Брестовац до клубовите: Не купувајте странци, играјте со македонски играчи!

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац зборуваше за новинарите пред дуелот со Русија од втората фаза на Светското првенство кое се игра во Египет.

Македонија вчера изгуби десет разлика од Словенија, но играта од почетокот на тој натпревар покажа дека имаме потенцијал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не сме доволно физички спремни за ваков турнирски систем, заморот се чувствува кај играчите, се гледаат и ситни повреди…Евидентно дека повеќето играчи имаат малку натпревари во оваа полусезона, а тука играме со квалитетни ривали. Веднаш се забележува кога на терен ќе излезе некој кој играл натпревари и кога ротираш доаѓа промената. Мора да ротираме, да ја прошириме клупата, промените ќе болат, но тоа е тоа…И мене ми е срам да губиме 20 разлика, но се трудам направам нешто. Со Русија ќе биде тешко, тие физички се посилни, ако судиите дозволат груба игра ќе загубиме. Ако бидеме заштитени во некои дуели ќе бидам среќен, се надевам на позитивен резултат“, изјави Брестовац.

Брестовац зборуваше и за проблемите во македонскиот ракомет.

„Лесно е кога имаш 20 бека и бираш, проблемот е што ние немаме играчи. Повторно носиме странци. Екипите носат странски играчи, а нашите играат по Б-екипи и после се бараа резултати. Можев да ги викнам постарите играчи па да се тешиме и да губиме по еден-два разлика, така само го пролонгираме проблемот. Од 88 до 96 имаме една дупка затоа што кај нас странците играат пред нашите ракометари? Ќе испратам апел до македонските клубови да играат со македонски играчи“, изјави Брестовац.

Русиај и Македонија играат утре со почеток од 15:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…