На денешната прес-конференција селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот пред настапот на ЕП.
Сега Брестовац објави список од 20 ракометари и тие ќе бидат во комбинација за настап на пријателските средби против Словенија и Црна Гора. На конечниот список за ЕП ќе се најдат 16 ракометари, што значи дека четворица ќе отпаднат.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костевски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Кирил Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Марио Танкоски, Марко Мишевски, Никола Маркоски, Велко Марковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски. Жарко Пешевски, Столе Стоилов, Мартин Серафимов, Мартин Велковски.
Брестовац потенцираше дека имал состанок со секој ракометар и на сите им објаснил зошто се повикани или не се.
„Одржав состанок со сите ракометари и на секој поединечно му ја образложив мојата одлука. Имаше и ракометари кои ги критикував бидејќи не се на потребното ниво. Сите знаат како одиграа на изминатите натпревари“, изјави Брестовац.