Димитар Трајков од редовите на Брера Струмица ќе стане нов играч на ФК ,,Полисја“ од Житомир Украинa,
Трајков успешно ги заврши медицинските прегледи во овој град и го потпиша преддоговорот со новиот клуб. Напаѓачоот во редовите на ,,Полисја“ ќе премине за рекордно обештетување во историјата на некогашна Академија Пандев, денес Брера Струмица.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По потпишаниот договор во Украина Трајков ќе се врати во Струмица каде што ќе се поздрави со своите соиграчи и на 1. јули ќе ги започне подготовките со новиот тим.
„Среќен сум што станувам нов играч на „Полисја“. Во овие три дена се уверив дека овој клуб е вистинскиот за продолжување на мојата кариера и дека овде сериозно ќе сметаат на мене во иднина. Но сепак, се зависи лично од мене. Јас сум подготовен да работам многу повеќе и да го дадам максимумот за новиот клуб. Благодарен сум на Горан Пандев и сите луѓе од ФК Брера Струмица за убавите поминати години во Струмица“, изјави Трајков.