Eкипата на Брера денеска промовираше ново засилување. Во клубот пристигна напаѓачот Антонио Каланоски.
Каланоски во струмичкиот клуб пристигнува од Силекс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Антонио Каланоски е ново име во нашиот прв тим. Фудбалерот по потекло од Охрид потпиша договор до следната натпреварувачка сезона“, објави Брера.
За Силекс минатата сезона Каланоски постигна девет гола на 31 натпревар. Претходно во кариерата беше дел од: Гостивар, Шкупи, Беласица, Борец и Победа.
„Голема е честа да се облече дресот на Брера и се надевам дека наредната сезона ќе биде успешна како за мене така и за целиот клуб“, изјави Каланоски.