Дома Фудбал Лига на шампиони Брендан Роџерс: Не би се изненадил доколку ПСЖ игра во финалето

Брендан Роџерс: Не би се изненадил доколку ПСЖ игра во финалето

rogers

Тренерот на фудбалерите на Селтик, Брендан Роџерс го констатираше она што сите го забележаа во вчерашниот натпревар помеѓу ПСЖ и Селтик.

Роџерс истакна дека Французите биле многу подобар тим и заслужено славеле победа од 1:7.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Поразот е навистина болен. Примивме седум голови и против Барселона, но сметам дека во Париз имавме и добри моменти. Морате да се воодушевувате на квалитетот на ПСЖ. Игравме со петмина во одбрана, што уште требаше да направам: Понекогаш морате да признаете дека се многу поквалитетни. Нашите играчи се трудеа, но и грешеа“, изјави Роџерс.

На Селтик во последното коло на почетокот на декември ќе му биде потребна победа или бод против Андерлехт за да продолжи да настапува во Европа и на пролет, но преку Лигата на Европа.

„Секогаш не напаѓаа и постигнаа прекрасни погодоци. Секако дека сме разочарани. Сепак, знаеме дека игравме против еден од најдобрите тимови во Европа и не би се изненадил доколку ги гледаме во финалето“, додаде Роџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…