Фудбалерите на Торино вчера одиграа одличен натпревар против Јувентус во првиот натпревар од Серија А.
После натпреварот своето задоволство го истакна тренерот Иван Јуриќ. Јуриќ беше најзадоволен и посебно го истакан дефанзивецот Глеисон Бремер кој одлично си заврши работата во чувањето на Влаховиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одигравме одличен натпревар и го ограничевме нападот на Јувентус. Ако имавме повеќе концентрација во завршницата можевме да дојдеме и до трите бода. Најважно е што менталната бариера е пробиена. Тимот расте, а ние одигравме еден од нашите најдобри натпревари. Бремер беше неверојатен и го „стави в џеб“ Влаховиќ“, изјави Јуриќ.
Јувентус во градското дерби поведе со голот на Де Лихт после 13 минути игра, но Торино до бод дојде со голот на Белоти во финишот од натпреварот.