Бразил во првото коло од фудбалскиот турнир на Олимписките игри ја победи Германија со 4:2.
Во овој натпревар доминираше напаѓачот на Евертон, Ричарлисон кој постигна хет-трик за половина час игра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ричарлисон погодуваше во седмата, 22. и 30. минута од натпреварот за водство на Бразил од 3:0 после половина час игра.
Предноста на „Кариоките“ можеше да биде и поголема ако Чуна во судиското продолжение од првиот дел реализираше пенал. На полувреме се замина со 3:0 за Бразил.
Во продолжение Германија се врати во натпреварот, додека Бразил ги промашуваше своите прилики. Амири намали на 3:1 во 57. минута. За малку неизвесност се погрижи Аче во 83. минута. Сепак, Паулињо во последните моменти од натпреварот ги постави конечните 4:2.