Дома Фудбал Репрезентации Бразил победи, Кутињо блескаше на отварањето на Копа Америка (ВИДЕО)

Бразил победи, Кутињо блескаше на отварањето на Копа Америка (ВИДЕО)

Копа Америка започна изминатата вечер, а на отварањето во првиот натпревар репрезентацијата на Бразил ја совлада Боливија со убедливи 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилците на свој терен играа и беа фаворити, иако без Нејмар фаворитската улога лесно ја оправдаа.

Домаќинот славеше 3:0 против Боливија, а до победата ги предводеше Фелипе Кутињо кој постигна два гола. Прашањето на победникот беше решено во второто полувреме, Боливија во првите 45 минути ја зачува својата мрежа.

Работите се променија кога во 50-тата минута беше содусен пенал за Бразил, а сигурен изведувач од белата точка беше Кутињо, само три минути подоцна беше 2:0 и повторно стрелец беше Кутињо.

Конечните 3:0 беа постевени во самиот финиш кога Фернандињо беше асистент, а голот го постигна Евертон.

https://youtu.be/ltZnCay0LV8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…