Дома Фудбал Останато Бразил завиен во црно: Зико и Ромарио со трогателни пораки – згаснати соништа и уништени семејства…

Бразил завиен во црно: Зико и Ромарио со трогателни пораки – згаснати соништа и уништени семејства…

Бразил е завиен во црно.

Во тренинг кампот на Фламенго во Рио Де Женеиро огнена стихија целосно уништи објект кој беше во сопственост на бразилскиот гигант. Трагедијата е навистина од огромни размери бидејќи во животот го загубија 10 млади фудбалери на возраст помеѓу 14 и 17 години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Освен 10-мината кои ги загубија животите, тројца се примени во болница на лекување. Кампот на Фламенго беше обновен минатата година во инвестиција вредна 23 милиони евра.

Тренингот на младите фудбалери бил закажан за 9:30 часот по локално време.

После трагичниот настан на социјалните мрежи се огласија бразилските фудбалски легенди, Ромарио и Зико.

„Каква тажна вест. Сакам да изразам солидарност до Фламенго и семејствата на жртвите. Згаснати соништа и уништени семејства“, порача Ромарио.

„Каква трагедија, каков шок. Фатална несреќа. Бог нека ги утеши семејствата и пријателите на младите момчиња. Момчињата кои сонуваа иднина за да помогнат на семејствата. Црвно-црната нација нека има сила и верба да го надмине овој тежок момент“, гласи поракатана Зико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…