Дома Фудбал Останато Бразил го сака Мурињо за селектор

Бразил го сака Мурињо за селектор

Откако селекторот Тите поднесе оставка по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, челниците на Бразилската фудбалска федерација почнаа да бараат негов наследник.

Последните информации од Бразил се дека Федерацијата стапила во контакт со Жозе Мурињо, кој силно се поврзува и со португалската репрезентација.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Рома не сака да се раздели со својот тренер со кој има договор до 2024 година, ниту, пак, е подготвена да му дозволи да преземе двојна улога.

Бразилците очекуваат конечен одговор до крајот на месец јануари. Како опција се споменува и завршување на сезоната на Мурињо како тренер на Рома, а потоа да седне на кормилото на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…