Бразил не дозволи изненадување. „Кариоките“ во денешниот натпревар го совладаа Мексико и стигнаа до пласман во четвртфиналето.
За разлика од некои фаворити, Бразил не си дозвили условно кажано кикс против Мексико и ја оправда улогата фаворит.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мексико беше подобар противник само во првот половина час игра, од тој момент Бразил, создаваше прилики пред противничкиот гол, а само благодарение на одличниот Гиљермо Очоа во првите 45 минути не видовме погодок.
Отпорот на Мексиканците беше скршен после шест минути игра во вториот дел.
Вилијан упати одлично додавање во петерецот, а прв до топката стигна Нејмар на кого не му беше тешко да ја смести топката во мрежата Очоа.
И по овој погодок гледавме иста слика, Бразил имаше иницијатива, а Мексико од време на време знаеше да испрати по некоја закана.
Точка на натпреварот стави Фирмино со голот во 88 минута на Роберто Фимрино кој во игра влезе само две минути претходно.