Дома Фудбал Репрезентации Бразил во натпревар со шест различни стрелци го декласираше Хондурас (ВИДЕО)

Бразил во натпревар со шест различни стрелци го декласираше Хондурас (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил вчера во пријателски натпревар во Порто Алегре одигра пријателски натпревар против Хондурас и славеше со високи 7:0.

Бразилците со прилично силен состав излегоа на теренот и веќе во шестата минута стигнаа до предност кога Габриел Хесус после уфрлувањето на Дани Алвес погоди за 1:0.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Веќе во 13-тата минута беше 2:0 кога Кутињо изведе корнер, а Тиаго Силва одлично се снајде и со глава ја погоди мрежата. Во 20-тата минута Хондурас остана со играч помалку откако Куиото после остар старт доби директен црвен картон.

Бразил во 37-та минута доби и пенал, а сигурен од белата точка беше Кутињо со 3:0.

На почетокот од второто полувреме во 47-та минута Габриел Хесус го постигна својот втор гол на натпреварот и ја зголеми предноста на Бразил на 4:0.

Очајната вечер на Хонудрас се продолжи и потоа, Давид Нерес во 56-тата минута погоди за 5:0, а Роберто Фирмино десет минути подоцна стрела за „шестка“. Конечните 7:0 ги постави Ричарлисон со голот во 70-тата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=SG2In48ydA8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…