Дома Фудбал Останато Бразилски новинар го критикуваше Жесус: Португеса е поголем клуб од Арсенал!

Бразилски новинар го критикуваше Жесус: Португеса е поголем клуб од Арсенал!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус пред неколку дена официјално беше претставен како ново засилување во Арсенал.

Жесус одлучи да го напушти Манчестер Сити откако овој клуб го доведе Ерлинг Халнд. Поради тоа донесе одлука да го напушти „Етихад“ и го избра Арсенал за негов нов клуб. Пред неколку денаЖесус беше и официјално претставен на „Емирати“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во трансфер вреден од скоро 60 милиони евра Жесус потпиша петгодишен договор и го избра дресот со број девет. Но, неговиот трансфер не беше прифатен во дел од бразилската јвност. Бразилскиот новинар, Нето жестоко го критикуваше.

„Видов дека Габриел Жесус потпиша за Арсенал. Тоа е баш мал клуб, мал клуб. Португеса Сантиста е поголем клуб од Арсенал. Што тој клуб освои во последните пет години? Зарем мисли дека во Арсенал заслужува место во репрезентацијата на Бразил за СП во Катар? Повеќе би го земал Габигол кој редовно постигнува голови во поголем клуб, во Фламенго“, порача Нето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…