Еден од најголемите бразилски клубови, Васко да Гама, објави дека дури 16 негови играчи се позитивни за коронавирус и истите се во изолација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот од Рио де Жeнеиро објави дека спровел вкупно 350 тестови меѓу играчите, членови на нивните семејства и меѓу техничкиот и административен персонал на клубот и дека 30 проценти од тестираните веќе биле во контакт со вирусот.
Во тие 30 проценти, исто така, има 16 играчи кои се сместени во изолација, додека тројца други фудбалери веќе оздравеле.
Бразил во моментов е една од најпогодените земји од Ковид 19, а најмногу заразени има во Рио и Сао Паоло.
Инаку властите на Рио де Жанеиро, од денеска дозволија спортистите да се вратат на тренинг на отворено, во тренинг камповите, но само со индивидуални тренинзи.