Дома Трансфер зона Бразилската легенда тврди дека Кутињо си заминал поради Меси

Бразилската легенда тврди дека Кутињо си заминал поради Меси

Фелипе Кутињо пред неколку денови и официјално стана нов играч на Баерн.

Бразилецот пристигна на едногодишна позајмица во редовите на шампиониот на Германија која на крајот ќе го откупи за 120 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Пред само година ипол Кутињо пристигна во Барселона од Ливерпул за сума од 145 милиони евра, но Бразилецот не успеа да ги оправда очекувањата и ја напушти Каталонија.

Сега за ситуацијата на Кутињо зборуваше бразилската легенда Ривалдо.

„Секогаш верував во Кутињо, имаше се што треба за успех во Барселона. Разочаран сум од неговиот неуспех да дојде до место во првиот тим, но можеби повеќе не беше сигурен во себе, па се одлучи да премине во друг голем клуб. Кутињо немаше трпение да се најде во тимот, аргентинската ѕвезда е лидер на тимот и игра на највисоко ниво и на некои играчи им е тешко да се покажат покрај него, така беше со Кутињо“, изјави Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …