Дома Трансфер зона Браво го напушта Сити – Гвардиола веќе најде нов голман!

Браво го напушта Сити – Гвардиола веќе најде нов голман!

Чилеанскиот чувар на мрежата Клаудио Браво ова лето од Барселона прејде во редовите на Манчестер Сити за 17 милиони фунти, но не се снајде баш најдобро на „Етихад“.

Шпанскиот портал „Дон Балон“ тврди дека искусниот голман жали што го напушти „Камп Ноу“ и изразил желба да се врати во Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според англиските медиуми, причина за незадоволството на Браво се неговата лоша форма, неможноста да се прилагоди на условите во Премиер лигата, како и и односот кон него од страна на навивачите и островската јавност.

Сепак, прашање е колку Барселона ќе биде заинтересирана за враќање на Браво, пред се поради тоа што во тимот улогата на втор голман ја има Холанѓанецот Јеспер Силесен.

Доколку Чилеанецот навистина го напушти „Етихад“, англиските медиуми шпекулираат дека Сити ќе тргне по 23-годишниот голман на Бенфика, Бразилецот Едерсон чија откупна клаузула изнесува 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…