Дома Фудбал Бојан Кркиќ се врати во Барселона и доби досега непостоечка функција

Бојан Кркиќ се врати во Барселона и доби досега непостоечка функција

Поранешниот играч на Барселона, Бојан Кркиќ пред неполни два месеци официјално ја заврши фудбалската кариера и пред него сега е нов ангажман.

Кркиќ беше еден од најголемите таленти на Барселона и многумина го прогласуваа наследник на Меси, но никогаш не успеа да ги исполни очекувањата. Сега своето искуство тој ќе го пренесе на младите фудбалери во Барселона кои ги чека транзиција од младата во најсилната екипа на каталонскиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот натпрвеар за Барселона Кркиќ го одигра во 2007 година, 19 дена по неговиот 17-ти роденден, а во првата сезона за најсилната каталонска екипа поостигна 12 голови. Се очекуваше во наредните години да биде носител на играта на Барселона. Сепак, во 2011 година беше продаден на Рома и играше уште за Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавес, Монтреал Импакт и Висел Кобе.

Барселона на лето ќе ја промени клупската организација и Кркиќ добил досега непостоечка улога, објавија шпанските медиуми. Тој ќе биде врска помеѓу екипата и играчите од академијата на кои ќе го пренесува сопственото искуство како да се носат со притисокот и паниката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…