Дома Македонски спорт Мак фудбал Бојан Димоски: Повикот беше изненадувачки, посакувам максимален број бодови од овој циклус!

Бојан Димоски: Повикот беше изненадувачки, посакувам максимален број бодови од овој циклус!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски вчера го објави списокот (тука) со кој Македонија ќе настапи на стартот од новото издание на Лигата на Нации, а на него се најдоа тројца дебитанти.

Македонија во јунскиот циклус ќе игра против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни). Еден од дебитантите е фудбалерот на Академија Пандев, Бојан Димоски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Димоски одигра добра полусезона во струмичкиот состав и со тоа го привлече вниманието од Милевски. Во изјава за „Спортски.мк“ Димоски истакна дека повикот од селекторот за него бил изненадувачки.

„Искрено за мене повикот од селекторот за „А“ репрезентацијата беше изненадувачки. После тешката повреда и добрата полусезона мило ми е што со добрите игри се наметнав да добијам повик во „А“ тимот“, ни изјави Димоски.

Димоски посакува максимален број на бодови од натпреварите кои следат во овој циклус.

„Имам високи очекуваа, оваа репрезентација покажа дека е створена за големи достигнувања и се надевам дека циклусот ќе го завршиме со максимален број на освоени бодови“, заврши Димоски.

Покрај Димоски дебитантски повик во македонската репрезентација добија Енис Фазлагиќ и Томче Гроздановски.

Фото: ФК Академија Пандев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …