Кошаркарите на Бостон Селтикс синоќа го совладаа Мајами Хит со 121:108 и со тоа намалија на 3:2 во финалната серија во Источната конференција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мајами синоќа ја имаше првата меч топка да се пласира во големото финале, но Бостон не се предаде лесно и успеа да остане во игра. Селтикси одиграа добар натпревар и на крајот заслужено славеа.
Кошаркарите на Хит подобро го отворија натпреварот и после првата четвртина водеа со 26:18. Бостон заигра нешто подобро во продолжение, а на пауза се замина со 58:51 за Мајами.
Меѓутоа во третата четвртина Бостон дојде до пресврт и го доведе натпреварот во своја корист. Селтикси играа фантастично што најдобро покажува фактот што третата четвртина ја добија со 41:25.
Во последната четвртина Мајами се обиде да се врати во натпреварот, но едноставно не успеа. На крајот Бостон славеше со 121:108 и намали на 3:2.
Бостон до победата ги предводеше Џејсон Татум со 31 поен, десет скокови и шест асистенции. Од друга страна, најефикасен кај Мајами беше Горан Драгиќ со 23 поени.