Дома Останати Кошарка НБА Бостон дојде на една победа од своето 22. финале во НБА!

Бостон дојде на една победа од своето 22. финале во НБА!

Бостон дојде на една победа од пласман во НБА финалето откако во изминатата вечер го совладаа Мајами со 93:80 за водство од 3:2 во серијата.

Натпреварот Мајами добро го започна, на полувреме и водеше со пет разлика, но одлучувачка беше третата четвртина во која Бостон одигра ефикасно и на високо ниво постигнувајќи 32 поени, двојно повеќе од Мајами. Таа стекната предност во овој период успешно ја одбранија во последната четвртина.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најефикасен беше Браун со 25 поени, а Татум кој оствари дабл-дабл од 22 поени, 12 скока и 9 асистенции. Во редовите на Мајами се издвојуваше Адебајо со 18 поени и 10 скока. Џими Батлер од кого многу се очекува во секој натпревар натпреварот го заврши со само 13 поени.

Во петок навечер Бостон ќе се бори за финале кое би било 22. во нивната историја во која имаат и 18 титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…