Дома Фудбал Германија Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на фудбалерите од својата школа. Сега првиот професионален договор со тимот го потпиша Кјел Ватјен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во прашање е фудбалер кој има 18 години и досега настапуваше во младинските категории на тимот. Ватјен во клубот пристигна кога имаше само 10 години, а сега успеа да дојде и до договор со сениорскиот тим.

За тимот до 19 години играше и во младинската Лига на шампини, а двапати настапи и во пријателски натпревари за Борусија. Сезонава за младинскиот тим одигра 27 натпревари, постигна десет гола и запиша девет асистенции.

Договорот кој го потпиша со Борусија е со важност до 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мбапе го „пецна Арбелоа по натпреварот, па тренерот на Реал експресно го „уништи“

Килијан Мбапе повторно крена голема прашина по синоќешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Ов…