Дома Топ вести Борусија потврди: Халанд има откупна клазула, во спротивно ќе потпишеше за Јунајтед

Борусија потврди: Халанд има откупна клазула, во спротивно ќе потпишеше за Јунајтед

Eрлинг Халанд во летото кое следи ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а таква е и најавата во последната изјава на генералниот директор на „милионерите“ Јоаким Вацке.

Веќе подолг период се пишува дека Халанд во својот договор има откупна клазула и тоа стана добро познато. Сега за првпат тоа го потврдија и од Борусија. Вацке исто така додаде дека откупната клазула била причината поради која Халанд не завршил во Манчестер Јунајтед, „црвените ѓаволе“ не сакале да ја има Норвежанецот во неговиот договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Пред се треба да знаеме дека нас ни е потребен овој Халанд. Вистина е дека има откупна клазула, во спротивно ќе преминеше во Манчестер Јунајтед. Треба да се донесе одлука, можеби ќе замине. Ако нешто Борусија може да најде тоа е напаѓач. Тимот секогаш победува пред поединецот“, изјави Вацке.

Од Борусија подолго време се обидуваа да го избегнат одговорот дека во договорот на Халанд постои откупна клазула, веројатно да не покажат слабост, но како што се наближува крајот на сезоната и преодниот рок ситуацијата се променила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …