Дома Фудбал Германија Борусија не се откажува: Сака да го направи Халанд најплатен во историјата на клубот!

Борусија не се откажува: Сака да го направи Халанд најплатен во историјата на клубот!

Не е тајна дека феноменалниот Ерлинг Халанд е желба на повеќе европски клубови. Реал Мадрид веќе подолго време кокетира со младиот напаѓач, а планот на Флорентино Перез е да создаде пеколен тандем Халанд – Мбапе.

Но, нешто се прашува и Борусија Дортмунд. Во Боурсија немаат намера лесно да се откажат од својата прва ѕвезда која на лето ќе може да замине за 75 милиони евра. „Милионерите“ сакаат да го задржат и ќе му понудат договор кој тешко може да го одбие.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Билд“ пишува дека Борусија е спремна двојно да му ја зголеми платата на Халанд. Халанд во овој момент заработува осум милиони евра годишно и доколку ја прифати оваа понуда би станал најплатен фудбалер во историјата на клубот. Во овој момент тоа е Марко Ројс кој заработува околу 12 милиони евра.

Хан Јоаким-Вацке не крие дека Борусија сака да го задржи Халанд, но знае дека тоа ќе биде тешко.

„Веруваме дека за Халанд уште една година во Борусија би била одлична за неговиот развој. Сепак, ако се реши да продолжи некаде на друго место ќе имаме разбирање“, изјави Вацке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…