Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд ја „краде“ големата желба на Пирло

Борусија Дортмунд ја „краде“ големата желба на Пирло

Италијанските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд  се вклучи во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели.

Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.

Плејмејкерот е голема желба на Андреа Пирло, кој се обидува да го донесе во Јувентус, но сега доби силна конкуренција.

Борусија Дортмунд веќе стапија во контакт со неговиот агент и сака да го донесе Италијанецот во своите редови.

Сасуоло за неговата слобода бара 40 милиони евра, па тешко дека трансферот може да се реализира до крајот на зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…