Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд „фрли око“ на уште еден англиски талент (видео)

Борусија Дортмунд „фрли око“ на уште еден англиски талент (видео)

Борусија Дортмунд направи вистински погодок со привлекувањето на Џејдон Санчо од Манчестер Сити, па сега сака да го повтори тој успех со друг англиски талент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според англиските медиуми „милионерите“ покажуваат силен интерес за Бакајо Сака од Арсенал. 18-годишниот лев бек оваа сезона одигра неколку одлични натпревари за првиот тим и покажа дека е голем талент.

Сака има договор за само уште една сезона со „топџиите“, па се почести се шпекулациите дека би можел да ја промени средината. Дортмунд сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе во своите редови.

Оваа сезона Сака веќе има одиграно 29 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања, а тренерот Артета сака по секоја цена да го задржи во своите редови.

Арсенал веќе започна преговори за продолжување на соработката, а покрај Дортмунд интерес за талентот покажуваат уште Баерн Минхен и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…