Дома Топ вести Борусија Дортмунд го сака Елиф Елмас уште во јануари

Борусија Дортмунд го сака Елиф Елмас уште во јануари

Лидерот во Бундеслигата, Борусија Дортмунд не се откажува од намерата да го донесе македонскиот репрезентативец и член на Фенербахче, Елиф Елмас.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Еламас уште пред да потпише со Фенербахче се поврзуваше со трансфер во Дортмунд, но на крајот играчот го избра турскиот гигант.

Скаути од овој клуб го следеле речиси на сите настапи во Лига Европа, а според пишувањата на турски „Фанатик“, германците спремаат понуда уште во јануари да го донесат во своите редови.

Освен Дортмунд, уште неколку европски великани го посакуваат Елмас во своите редови, а меѓу нив е и Манчестер Сити.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Конте за иднината: Претседателот ги знае моите мисли веќе еден месец

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го искажа своето задоволство од пласманот во Лигата на …