Борусија Дортмунд покажува силен интерес за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва.
Според германските медиуми „милионерите“ сметаат дека Португалецот ќе биде идеален наследник за Ерлинг Халанд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Андре Силва блеска оваа сезона во дресот на Ајнтрахт и веќе има постигнато 25 гола и 9 асистенции на 30 меча.
„Билд“ пренесува дека Португалецот во договорот со Ајнтрахт има откупна клаузула од 30 милиони евра, која Борусија е спремна да ја плати.
Челниците на Борусија се убедени дека Силва може да биде идеален партнер или пак замена за Ерлинг Халанд, но ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Португалецот интерес покажува и Атлетико Мадрид.