Во среда Вардар го очекува важен натпревар во Лигата на шампионите против Загреб.
Голманот Борко Ристовски кој пред овој натпревар го продолжи договорот со црвено-црните не очекува толку квалитетен натпревар, но очекува голема борба.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Можеби ова нема да биде толку квалитетен натпревар, но ќе биде натпревар со голема борба. Двете екипи ќе ја бараат својата последна шанса за место погоре. Дека сме по квалитетни од Загреб сме, но треба да го испочитуваме тоа што се договоривме со тренерот Дејвис. Загреб можеби не е некој квалитетен противник, меѓутоа за нас е многу важен натпревар затоа што ова е и еден од последните натпревари на домашен терен, затоа мораме да победиме“.
Борко смета дека со Дејвис клубот е на едно повисоко ниво.
„Со Дејвис клубот се издигна на едно повисоко ниво на тактички план. Поразот во Нексе беше поради причини кои не беа спортски. Кога се ќе собере мислам дека Вардар е на добар пат и сакаме да ја искорисиме хемијата и атмосферата која во овој момент владее во тимот“, изјави Борко
Натпреварот помеѓу Вардар и Загреб се игра в среда од 20:45 часот.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961