Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко искрено за односот со Лазаров: Неговите човечки вредности се под знак прашалник

Борко искрено за односот со Лазаров: Неговите човечки вредности се под знак прашалник

Maкедонскиот ракометен голман Борко Ристовски гостуваше во подкастот на познатиот македонски јутјубер Стефан Лазаров, а во него разговараше на многу теми од кои некои и тоа како се интересни за македонската спортска јавност.

Ристовски веројатно за првпат во јавноста зборуваше дека Кирил Лазаров бил против неговиот трансфер во Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„По доаѓањето во Барселона разбирам некои работи кои во најмала рака не се фер и коректни и одлучувам да прекинам било каква комуникација. Во меѓувреме имавме и еден разговор во кои требаше да си кажеме некои работи. Сега немаме однос, не можам да седам со луѓе кои не се искрени“.

Тој период се поклопува и со Европското првенство на кое Борко како член на Барселона не беше повикан во репрезентацијата.

„Тоа е таа игранка која ми ја подготвија заедно со селекторот Лино Червар кој додека беше кандиат за селектор побара да се видиме преку мој пријател“.

„Потоа имавме еден собир, ја поминавме Чешка, во меѓувреме се случува ова во Барселона и ми ја прават таа игранка. Јас сум кажал многу пати, Кире најдобриот ракометар во историјата на Македонија и еден од нашите најдобри спортисти, но ако малку се распрашате помеѓу луѓето ќе ви кажат дека човечките вредности се под знак прашалник“, зборува Борко.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА БОРКО (Делот за несогласувањата со Кире Лазаров е од 58. минута)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…