Вечерва Вардар игра против Порто во Лигата на шамионите и после првиот половина час гледаме голема борба на теренот.
Од самиот почеток и Митревски кај Порто и Борко кај Вардар беа одлични на голот. Митревски започна со одбранет зицер на Чупиќ, а во продолжение имаше уште неколку одлични интервенции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По почетното играње гол за гол со одбрани на двете страни Порто првпат се одлепи кон средината на полувремето кога направи предност од 4:8. Меѓутоа Вардар не се предаде следуваа одбрани на Борко, дури и еден негов гол, па на десетина минути пред крајот црвено-црните дојдоа на -1 (8:9).
Тука одново следуваше нешто полоша игра на македонскиот тим, па Порто пак отиде на +3 (8:11).
За ново враќање на Вардар одново на сцена стапи Борко. Повторно одбрани неколку удари, а постигна и втор гол, па Вардар изедначи на 11:11.
До крајот во финишот Борко постигна и трет гол, а Вардар имаше 13:12.
После првиот дел најефикасни во Вардар се Борко Ристовски и Марко Вујин со по три гола, додека по два имаат Чупиќ, Дибиров и Јотиќ, а еден постигна Талески. Во Порто три гола имаше Магаљаеш.