Дома Фудбал Борец е мал збор за овој човек – Михајловиќ се врати на тренинзите!

Борец е мал збор за овој човек – Михајловиќ се врати на тренинзите!

Синиша Михајловиќ веќе докажа дека станува збор за човек кој е вистински борец, а денес само по кој знае кој пат ни го потврди тоа.

Михајловиќ мораше по вторпат да се бори со леукемијата, повторно помина време во болница, а откако пред само два дена излезе од болницата веднаш се врати и на тренинзите на неговата Болоња.

Српскиот стратег покажува неверојатна желба и волја за борба против тешката болест и засега е на одличен пат и по вторпат да прогласи победа. Ќе потсетиме, Болоња во изминатиот месец играше фантастичен фудбал, а Михајловиќ ја доби наградата за тренер на месецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…