Дома Фудбал Репрезентации Борба за Белингам: Реал го бара назад, Саутгејт не сака да слушне!

Борба за Белингам: Реал го бара назад, Саутгејт не сака да слушне!

Реал Мадрид очекува да го вради Џуд Белингам во ростерот и да продолжи со рехабилитацијата со повредата на рамото, но Англија сака тој да игра против Малта и Македонија.

Белингам се повреди на тренингот пред натпреварот против Валенсија и не настапи на тој дуел. Сезонава англискиот репрезентативец е фудбалерот со најдобра форма во редовите на „кралевите“, па тие не сакаат ништо да ризикуваат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Саутгејт поради повреди ги ослободи Медисон, Данк и Вилсон, меѓутоа кога е Белингам во прашање се надева дека ќе го има на располагање.

Каков е ставот на Реал Мадрид најдобро зборува изјавата на Анчелоти по тој натпревар.

„Ако Џуд не може да игра за нас, тогаш не може ниту за Англија“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата по тој натпревар против Валенсија.

Англичаните во петок ќе играат против Малта, додека три дена подоцна гостуваат во Скопје. Билетите за тој натпревар веќе се пуштени во продажба по цена од 400 и 600 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…