Дома Фудбал Репрезентации Бонучи по поразот: Швеѓаните сакаа тепачка!

Бонучи по поразот: Швеѓаните сакаа тепачка!

Италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи по натпреварот против Шведска во кој беа поразени со 1:0 истакна дека репрезентативците се обидувале да испровцираат конфликт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Единствениот погодок на натпреварот го постигна Јакоб Јохансон кој шутираше во 61 минута, а топката од ногата на Де Роси заврши во голот на Буфон.

„Мораме да учиме од своите грешки, премногу споро се движевме. Знаевме дека е важно да постигнеме гол во овој натпревар, но не успевавме да дојдеме до шанса за погодокот. Сега нас не очекува реваншот на „Сан Сиро“ и сигурно дека ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи. Доволно е да се каже сме одлучни, а тоа ќе го покажаме и на теренот“, изјави Бонучи кој потоа зборуваше за вчерашниот натпревар.

„Не барам оправдување, но судиите мораа подобро да ја одработат својата работа и да ги прекинат намерите на Швеѓаните овој натпревар да го претворат во тепачка. Сега пред нас е еден од најважните натпревари во нашите кариери“, заврши Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Словенецот Винчиќ се расплака кога дозна дека ќе го суди финалето на СП

Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство помеѓу Аргент…