Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи немаше многу причини за задоволство после вчерашниот пораз на неговиот тим во Лигата на Европа против Арсенал.
Милан изгуби на „Сан Сиро“ 2:0 и на тој начин значително ги намали шансите за пласман во следната фаза.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бонучи смета дека неговиот тим чуствувал страв од самиот почеток на натпреварот.
„Чуствуваме страв од самиот почеток и не покажавме вистински менталитет бидејќи сме многу млади. Се надевам дека од ова нешто ќе научиме. Ќе биде тешко, но ќе дадеме се од себе во реваншот. Мораме да бидеме оптимисти бидејќи во фудбалот се е можно. Доколку во Лондон играме со духот со кој го одигравме второто полувреме, мислам дека имаме шанси“, порача Бонучи.
Да потсетиме, реваншот помеѓу овие два клуба се игра наредната недела на „Емирати“ во Лондон.