По превземањето на тимот од страна на Џенаро Гатузо Милан едноставно блеска.
Џенаро Гатузо успеа сезоната која одеше кон бездната да ја претвори можеби дури и во успешна. Милан ги врати надежите за пласман во Лигата на шампионите, покрај тоа се избори за финале во купот на Италија каде што ќе игра против Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи не го криеше своето воодушевување и преку социјалните мрежи конечно порача дека Милан конечно станал вистински тим, но и додаде дека се уште ништо не направиле.
„Постојат натпревари во кои срцето ви помага да ги надминете тешките моменти. Ова се натпревари во кои срцето и душата прават тим. Се боревме, како тим, сега се припремаме за дербито како тим. Скромноста и желбата да напредуваме ни се потребни до крајот на сезоната со цел да ги оствариме целите кои неодамна изгледаа како невозможни“, напиша Бонучи на својот Инстаграм профил.