Дома Фудбал Италија Бонучи искрено или не: Разочаран сум што ја пропуштам „Старата дама“

Бонучи искрено или не: Разочаран сум што ја пропуштам „Старата дама“

Фудбалерите на Милан ремизираа вчера на домашен терен против Џенова, во рамки на 9. коло од италијанската Серија А.

„Росонерите“ со своето претставување повторно ги разочараа навивачите кои веруваа дека против Џенова би можеле конечно да освојат три бода. Се започна кон средината на првиот дел кога директен црвен картон заработи Леонардо Бонучи, кој со лакт замавна по лицето на Роси.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Бонучи од „Сан Сиро“ е испратен со исвиркување од незадоволните навивачи кои очекуваа многу повеќе од големото засилување кое пристигна од Јувентус. За работата да биде полоша, Бонучи е суспендиран во следните два меча, што значи дека нема да игра против „Старата дама“. Сепак, дефанзивецот на Милан тврди дека не бил намерен ударот кон Роси.

„Жал ми е за тоа што се случи. Несакав да го удрам Роси. Намерата ми беше да остварам добра позиција по центаршутот, а ударот со лакт беше случаен. Му се извинив по завршувањето на мечот и многу ми е жал за се“, истакна Бонучи и додаде:

„Разочаран сум што нема да играм против Јувентус, но судбината сакаше така. Оваа суспензија ќе ја искористам да се подготвам за следните натпревари и да се вратам во форма“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…