Дома Фудбал Вакво нешто не сте виделе: Ова е најбизарниот црвен картон некогааш добиен (Видео)

Вакво нешто не сте виделе: Ова е најбизарниот црвен картон некогааш добиен (Видео)

Полуфиналето на Суперкупот на Индија помеѓу Гоа и Мумбаи започна со невообичаено сценарио – црвен картон за капитенот на Гоа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Икер Гуародќена беше санкциониран уште пред натпреварот да почне, а причината е навистина чудна.

Точно пред излегување на теренот, во тунелот настана конфликт меѓу Гуародќена и главниот судија. Судијата нареди капитенот да ја смени долната облека поради неправилна боја.

Требаше да се реши без драми, но ситуацијата се претвори во хаос, кој на крај заврши со црвен картон за Гуародќена.

“Сите видоа што направи”, изјави главниот судија Пратик Мондал.

Гоа го одигра натпреварот со 11 играчи, бидејќи правилата дозволуваат менување на играчот кој добил црвен картон пред почетокот на мечот.

На крајот – Гоа го доби натпреварот со резултат 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невиден срам: Инфантино сакаше да покаже што знае со топка, но интернетот тоа не му го заборава со години (Видео)

Џани Инфантино е навикнат да биде во центарот на вниманието кога зборува за најголемите те…