Јувентус и оваа сезона се соочи со рана елиминација од Лигата на шампионите, „старата дама“ најелитното европско натпреварување уште еднаш го заврши осминафиналето, трета година во низа.
Леонардо Бонучи кој поради повреда не беше во составот на Јувентус за овој дуел утрово испрати извинување до навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Поминувајќи ги ваквите натпревари однадвор ми овозможува да разберам како размислуваат нашите фанови за ваквите ноќи. Извинувањето е единствено нешто кое можеме да го направиме сега. Разочарувањето и фрустрацијата мораме да ги претвориме во лутина и да ги оствариме целите кои ни останаа“, порача Бонучи.
Јувентус до крајот на сезоната ќе се бори на домашната сцена во Купот на Италија и Серија А.